Фабијани: Разликата во овој двомеч беше тоа што сезоната во Финска е почната

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го заврши својот настап во квалификациите во Лигата на шампионите сезонава откако во двомечот во 1. коло загуби од фински Купс со вкупни 4-3.

По мечот на прес-конференција свое гледиште на натпреварот даде предводникот на „црвено-црните“, Кристијан Фабијани.

„Предноста на КуПС пред овој двомеч како што кажав и претходно беше што играат активно во првенството, веќе имаат повеќе од 10 официјални натпревари. Ние со овој дуел имаме само два официјални меча зад себе и дојдовме од подготовки за кои се покажа дека на нив добро сме се подготвиле – одигравме еден добар меч и квалитетни 120 минути. Успеавме да победиме на вештачка подлога, но, за наша жал, недоволно за следна фаза во ЛШ. Покажавме добра фудбалска партија, одигравме добар фудбал против КуПС и сега се фокусираме на следните дуели.“, изјави Фабијани.

Се вчитува...