Фабијани: Самите сме виновни за поразот, нѐ чека многу работа

Далеку е Вардар од следната фаза во Лигата на шампионите. Загуби вечерва од финскиот Купс на домашен терен со 0-2, и така веројатно ќе биде елиминиран од елитното натпреварување уште по првото коло.

Кристијан Фабијани, тренерот на Вардар после натпреварот на официјалната прес-конференција кажа дека еден месец е малку време, и верува во чудо на реваншот.

„До тој прв гол на противникот игравме добро. Од таа десна страна направивме неколку добри акции, направивме и една шанса, и потоа се случи тоа што се случи. Подготовките според мене поминаа добро. Противникот знавме дека е добар, дека има многу искуство во Вардар. Подготовките беа успешни според мене, и сега кога ќе се загуби, можеме да бараме многу виновници. Во секој случај не чека многу работа. Еден месец е малку време. Јас сакам да игра тимот повеќе со топката, повеќе со ризик. Направивме шанси вечерва, не дадовме гол и потоа бевме казнети. Одиме и таму да играме фудбал. Треба да го смениме чипот. Колку и да звучи трагично резултатот, не е некој кој не може да се стигне, и одиме таму по чудо“, изјави Фабијани и додаде:

„Игравме против тим кој е во полн натпреварувачки ритам. Грешките сами ги направивме, нешто не бевме надиграни од противникот. Мислам дека ова нема никаква врска со физичка подготовка“, рече Фабијани, а околу црвениот картон на Босанчиќ, коментираше:

„Влезе со срце, јас сакам такви играчи. Тоа е дел од момент, и немам некој дополнителен коментар“, заклучи Аргентинецот на клупата на Вардар.

Се вчитува...