Фабијани: Тактички мора да бидеме подобри, нема да можам да сметам на Николов и Торес

Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар утре ќе и гостува на летонска Рига во реванш натпреварот од 2. квалификациско коло во најслабото по ранг европско натпреварување, Конференциската лига на УЕФА.

Tренерот на „црвено-црните“, Кристијан Фабијани по официјалниот тренинг даде кратка изјава за утрешниот натпревар…

„Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните мечеви, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига. Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни и со намалени грешки во сите линии. Сите играчи кои допатуваа со нас ќе конкурираат за игра, ги немаме во тимот само Хоакин Торес и Бобан Николов. Го имаме официјалниот тренинг за финални подготовки за мечот.“, изјави тренерот Кристијан Фабијани.

Се вчитува...