Ливерпул за 12 минути ја „потопи“ жолтата подморница и води во Вилјареал (ВИДЕО)

Жестоката иницијатива на Ливерпул на стартот од вториот дел даде плод во 62. минута. После ударот на Фабињо, топката мина низ нозете на Рули и сега „црвените“ од Енфилд се блиску до финалето. Не мина многу, а Ливерпул успеа и да изамни. Во 67. минута нововлезениот Луис Диаз успеа да донесе израмнување, и уште повеќе да ги доближи Англичаните до ново финале во Лигата на шампионите.

И не само тоа, во 74. минута Ливерпул преку Мане направи целосен пресврт од 2-3, со што се чини дека Ливерпул сега и дефинитивно ќе биде првиот патник во финалето во Лигата на шампионите.

Вилјареал не успеа да се одбрани, не го издржа притисокот на гостите од Англија, кои претходно ја погодија и пречката преку Александар-Арнолд.

Инаку „жолтата подморница“ имаше водство од 2-0 по првиот дел, и беше блиску до сензација.

Се вчитува...