Фабрегас едвај чека да го тренира најновото засилување кое дојде од Фиорентина

Италијанскиот прволигаш Комо, денеска го официјализираше можеби најатрактивното засилување за новата сезона. Нов фудбалер на Комо е италијанскиот репрезентативец и довчерашен напаѓач на Фиорентина, Мојзе Кен.

Напаѓачот во Комо доаѓа на едногодишна позајмица со задолжителен откуп на договорот.

„Комо 1907 со задоволство објавува дека потпиша договор со напаѓачот на италијанската репрезентација Мојзе Кен. Тој доаѓа на позајмица со задолжителен откуп по завршување на сезоната“, соопшти Комо кој сезонава ќе дебитира во Лигата на шампионите.

 

 

Задоволство од ангажманот на Кен искажа тренерот на Комо, Францеск Фабрегас кој едвај чека да го тренира напаѓачот.

„Мојзе е важен играч, веќе е подготвен и искусен, но и понатаму има простор за напредок кај него. Тој е физички моќен, има брзина и способност да го предводи нападот и убеден сум дека ќе го крене нивото на квалитетот на целиот тим. Едвај чекам да почнеме да работиме заедно на теренот“, изјави Фабрегас.

Комо сезонава ќе дебитира во Лигата на шампионите каде го чекаат дуели со ПСЖ, Барселона, Манчестер Јунајтед, Бетис, Лајпциг, Феенорд, АЕК Атина и Ланс.

Се вчитува...