Фабрегас го реши Свонси, а Челси си ги врати надежите за ЛШ

Челси не се предава во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Го совлада Свонси на гости со 0-1, со голот на Цеск Фабрегас постигнат во четвртата минута, и се доближи на шест бода негатива во однос на Ливерпул. Но, Челси има одиграно еден меч помалку, а во следното коло и ќе го пречека Ливерпул на „Стемфорд бриџ“. Така, тимот на Антонио Конте се уште има шанси да избори пласман во европската елита.

Фабрегас на самиот старт од мечот го постигна единствениот гол, а Свонси на останатите мечеви ќе се обиде да обезбеди опстанок во Премиер – лигата.

Се вчитува...