Комо го одигра можеби најдобриот меч во клупската историја откако италијанскиот тим го декласираше Ленс со 1-9, за своја прва гостинска победа во историјата во Лигата на Шампионите.
Цеск Фабрегас може да биде горд на своите избраници кои ја наполнија до врв мрежата на францускиот тим, урнаа низа рекорди со импресивното издание, но шпанскиот стратег јасно стави до знаење дека нема да дозволи поради оваа победа Комо да „летне во облаци“
„Каква ноќ, буквално се ни поаѓаше од нога и стигнавме до неверојатна победа. Претходното гостување немавме среќа во Ротердам, но овојпат се беше на наша страна. Секако дека сум среќен, момците одиграа меч за паметење, но моја работа е да не им дозволам да летнат во облаци. Веќе в недела имаме уште еден важен натпревар, деветти во низа меѓу двете репрезентативни паузи. Клучно е да се продолжи да работи за да можеме и во иднина да прикажуваме вакви партии. Секако, пресреќен сум поради начинот на кој игравме и радоста што им ја донесовме на нашите верни навивачи“, изјави Фабрегас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
