Фабрегас носи врвен голгетер во Комо за ЛШ

Цеск Фабрегас испиша историја внесувајќи го Комо во Лигата на шампионите, но на младиот стратег му е јасно дека мора да доведе врвни засилувања ако сака неговиот тим да продолжи со добри игри и во следната сезона.

Главен приоритеет е носење на нов врвен голгетер, а Фабрегас има јасна цел – во Комо да го доведе италијанскиот репрезентативец Моисес Кеан од Фиорентина.

Шансата да заигра во ЛШ е голем мотив за Кеан, кој веќе ги договори личните услови и чека уште на договор меѓу клубовите за да го комплетира летниот трансфер. Понудата на Комо од пет милиони евра позајмица, плус 25 милиони евра задолжителен откуп следното лето, беше одбиена од страна на Фиорентина.

Сепак, кај двете страни постои оптимизам дека ќе биде најден заеднички јазик, а италијанските медиуми најавуваат дека Комо за вкупно 35 милиони евра ќе успее да го осигура важниот потпис и да му го доведе посакуваното засилување на тренеро Фабрегас.

Се вчитува...