Англискиот фудбалер Трево Чалоба премина од Челси во Комо, соопштија англискиот и италијанскиот клуб. Како што беше објавено, Чалоба (27) потпиша договор со клубот до јуни 2031 година.
Финансиските детали за трансферот на искусниот дефанзивец не се официјално објавени, но се шпекулира колку длабоко во џебот посегнал Сеск Фабрегас за новиот предводник на одбраната.
Италијанските и англиските медиуми тврдат дека станува збор за обештетување од 30 милиони евра, плус потенцијални шест милиони преку бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
