Фабрегас се премисли и сега сака во Милан

Иако пред неколку дена изјави дека е среќен во Лондон, се поизвесно е дека Цеск Фабрегас наскоро ќе го напушти Челси, а нова потенцијална дестинација е Милан.

На Фабрегас на крајот од сезоната му истекува договорот со Челси, а според шпанските медиуми, тој сака да потпише подолгорочен договор од оној што му е понуден во лондонскиот клуб.

Милан е заинтересиран за Фабрегас, а според последните информации што циркулираат во медиумите, и шпанскиот фудбалер сака да се пресели на „Сан Сиро“.

Менаџерот на Челси сака да донесе замена за Фабрегас уште во јануари. Милан е подготвен во јануари за Фабрегас да плати осум милиони евра, што е под цената од 12 милиони евра колку што бара Челси за Шпанецот. Но, во реализацијата на овој трансфер може да влијае и разврската околу Тиму Бакајоко кој е на позајмица во Милан од Челси, со опција за откуп на неговиот договор од 40 милиони евра.

Од Челси може да ја намалат цената за Фабрегас, но прво ќе бараат да се реши ситуацијата со Бакајоко, бидејќи засега се уште е нејасно дали Милан ќе го откупи неговиот договор.

Се вчитува...