Фабрицио Романо потврди: Пандев останува во Џенова уште една сезона (ФОТО)

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев ќе ја продолжи својата клупска кариера на уште една година, потврди добро упатениот Фабрицио Романо. Македонскиот ас во следните неколку денови ќе седне на маса со раководството на клубот со цел да потпише нов договор за соработка со италијанскиот клуб до 2022 година.

Триесетиседум годишниот Пандев стави крај на репрезентативната кариера на историското Европско првенство за Македонија, но крај на клупската кариера сака да стави пред полни трибини.

Се вчитува...