Факти за ЛШ: Лазаров го брка рекордот на Генсхајмер

Време е за врвен ракомет, утре и официјално ќе стартува новата сезона од Лигата на шампионите. Вардар повторно ќе биде дел од елитните групи, Металург ќе учествува во она послабо друштво, а улогата на бранител на трофејот овојпат ќе ја има француски Монпелје. Во пресрет на стартот од новата сезона, погледнете низа интересни факти во кои се споменуваат „вардарци“, но и најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров.

—————————————————————————————————————————–

0 – Ниту еден клуб досега не успеал да ја одбрани шампионската титула.

1 – Само еден клуб е дебитант сезонава во елитното европско натпреварување – финскиот првак Кокс.

1 – Само еден ракометар досега три пати бил избран за најдобар стрелец во Лигата на шампионите. По два пати ова признание го добивал Кире Лазаров, исто колку и Перуничиќ, Резенде, Саразевиќ, Рутенка, Јиха, Хансен и Илиќ.

1 – Талант Душебајев е единствениот што може да се пофали со европска титула и како играч (Сантандер во 1994) и како тренер (Сиудад Реал во 2006, 2008 и 2009 година и Кјелце во 2016 година).

2 – Германија од годинава ќе има само две екипи во европската елита (Рајн-Некар Левен и Фленсбург), откако во претходните сезони оваа земја имаше најмалку по три екипи.

2 – Двајца тренери имаат титули од Лигата на шампионите со по два различни клубови, Алфред Гисласон со Магдебург и Кил и Талант Душебајв со Сиудад Реал и Кјелце.

4 – Тиери Омејер е најтрофејниот ракометар од активните играчи, со четири титули европски првак (Монпелје во 2003, Кил во 2007, 2010 и 2012 година). Андреј Чепкин останува најтрофеен европски ракометар со седум титули.

6 – Вардар е еден од шесте европски  прваци кои и сезонава ќе бидат дел од елитното европско натпреварување, заедно со Монпелје, Целје, Фленсбург, Барселона и Кјелце.

15 – Пред 15 години последен пат се случи Кил да не биде дел од Лигата на шампионите. „Зебрите“ сезонава ќе бидат дел од ЕХФ-купот.

20 – Дваесет различни нации ќе бидат претставени оваа сезона во ЛШ, две повеќе од лани. Франција има три тима, Македонија два заедно со Германија, Шпанија, Данска, Унгарија и Полска. За првпат дел од ЛШ ќе биде екипа од Финска.

25 – Загреб е рекордер по бројот на настапи, откако хрватскиот клуб беше дел од Лигата на шампионите во 25 од претходните 26 години. Веднаш зад Загреб на оваа листа се наоѓаат Веспрем и Целје со по 24 учества.

25 – Дури 25 од 28-те екипи во ЛШ и лани беа дел од елитното друштво. Нови членови се Кокс, Тун и Бјерингбро, кои ќе го заземат местото на Алборг, Кил и Шафхаузен.

Се вчитува...