Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – севкупен победник на Универзитетските спортски игри

На патрониот празник на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, денеска беа доделени наградите и признанијата за Универзитетски спортски игри, на кои оваа година учествуваа 19 факултети со вкупно 1247 студенти од факултетите на УКИМ.

Повеќе од два месеци Факултетот за физичко образование, спорт и здравје беше домаќин на натпреварите од универзитетските спортски игри на УКИМ. Секојдневно студентите имаа можност да ја прикажат нивната спортска страна, но и да ги одмерат “силите” на терените.

Според програмата понеделникот беше резервиран за натпреварите во мал фудбал, вторникот за кошарката, средата за ракометот и четвртокот за одбојката.

Покрај екипните спортови на Универзитетските спортски натпревари на УКИМ беа застапени и пет поединечни спортови (стрелање со воздушна пушка, тенис, куглање, пинг-понг и во шах) во машка и женска конкуренција.

По одигрувањето на финалните натпревари на програмата беше и церемонијата на свеченото доделување на наградите на кое присуствуваше ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје проф.д-р. Никола Јанкуловски, како и проректорите проф.д-р. Биљана Ангелова и проф.д-р. Вујица Живковиќ.

Финалните натпревари ги следеа и голем број на декани, професори, студенти, другари кои што дојдоа да им дадат подршка на учесниците.

И како што доликува на една ваква голема спортска манифестација, но и како што е редот присатните ги поздрави домаќинот на универзитетските спортски натпревари, деканот на Факултетот за физичко образование спорт и здравје проф.д-р. Ленче Алексовска Величковска која што го искажа своето задоволство за укажаната доверба од ректоратот за честа за реализрање на една ваква голема и важна манифестација за целокупното општество.

Интересно е да напоменеме дека беа доделени и посебни награди и тоа за: ФЕР ПЛЕЈ, а наградата ја доби екипата во мал фудбал од факултетот за Ветеринарна медицина, како и за СЕВКУПЕН ПОБЕДНИК, односно најуспешен факултет со најмногу освоени први места, Факултетот за физичко образование спорт и здравје.

Наградите ги додели ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје проф.д-р. Никола Јанкуловски.

Се вчитува...