Фала и среќно: Сараево ја потврди разделбата од Стефан Ристовски

Стефан Ристовски од денеска и официјално повеќе не е член на Сараево откако тимот од БиХ ја потврди разделбата со македонскиот дефанзивец.

Ристовски дојде во Сараево минатото лето од редовите на Динамо Загреб, беше стандарден првотимец во оваа екипа, но сепак беше донесена одлука тој да си замине од „Кошево“. Разделбата беше најавена уште пред еден месец, за Сараево денеска да ја потврди разделбата.

„Фудбалскиот клуб Сараево и Стефан Ристовски се договорија за спогодбен прекин на соработката. За време на својот престој во бордо дресот, Стефан имаше 36 настапи и постигна три погодоци“, објави клубот од БиХ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FK Sarajevo (@fk_sarajevo)

Се вчитува...