„Фалангата“ почна да „царува“ во Букурешт (фото и видео)

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ и Роберт Спасовски

Од час во час се повеќе се зголемува бројот на Македонци во Букурешт, кои утрово тргнаа на пат кон Романија и пристигнуваат во градот каде во наредните денови ќе ја бодрат нашата репрезентација на првите две средби од европскиот шампионат.

„Фалангата“ веќе почна да владее во романскиот главен град, во центарот се е подредено на шоуто на македонските навивачи, кои со нетрпение го очекуваат утрешниот дуел со Австрија, со надеж дека ќе донесе и историска прва победа на Македонија на европските шамионати.

Се вчитува...