Фановите на Баерн со брутална порака до ПСЖ: „70 евра? Па не сме Нејмар“

Баерн Минхен го совлада ПСЖ во првиот натпревар во 1/8 финалната пресметка синоќа со 0-1, и така направија голем чекор кон следната фаза. „Баварците“ имаа поддршка и од неколку стотици фанови кои отпатуваа во Париз да дадат поддршка.

Меѓутоа навивачите на Баерн беа незадоволни од цените на билетите кои ги одреди ПСЖ па со транспарент му се обратија на парискиот клуб.

„Билет 70 евра? Па не сме Нејмар. 20 евра за влез е многу! Е*и се ПСЖ“, стоеше на транспарентот.

УЕФА одреди дека на гостинските навивачи на натпреварите во ЛШ може максимално да им се наплати влезница 70 евра, што е премногу според навивачите, особено што гостите секогаш ги добиваат најлошите места на стадионот. Клубовите често ја поставуваат максималната цена, на што се реши и ПСЖ.

 

 

Се вчитува...