Фановите на Болоња со екстремна порака: Надгробни крстови за тројца функционери

Навивачите на италијанскиот калчолигаш Болоња на скандалозен начин испратија порака до раководството на клубот дека не се задоволни од резултатите на тимот. Тие индиректно испратија смртни пораки до тројца клупски функционери, гневни затоа што Болоња се наоѓа на 18.позиција на табелата во Серија А.

Хулиганите поставија надгрбони крстови на теренот на стадионот „Ренато дал’Ара“ за извршниот директор Клаудио Фенучи, за спортскиот директор Рикардо Бигон и за главниот скаут на клубот, Рикардо Ди Вајо.

Болоња се наоѓа во зоната за испаѓање и досега освои само 11 бода. Тимот оствари само две победи од почетокот на сезоната, а последната беше на 30 септември.

Се вчитува...