Викендов во Бундеслигата играа Шалке и Фрајбург, а иако домаќините го доживеаа петтиот пораз во низа во германскиот шампионат, сите зборуваа за овој меч на стадионот на Шалке.
Фановите на Шалке ја оставија буквално цела Европа во шок, откако приредија спектакуларна кореграфија!
Преполни беа трибините на стадионот, а на трибината на која беа најверните навивачи можеше да се забележи огромен транспарент со белиот дрес на Шалке и рака која покажува кон грбот. Како тоа да не беше доволно спектакуларно, наеднаш дресот беше обоен во сино!
Најверојатно фановите успеале да го направат тоа со користење на голем број пиротехнички средства.
#S04SCF #S04
Geile Choreo, Trikot färbt sich Königsblau 🤍💙🤍
POL-GE: Rauch gefährdet Zuschauer und Spieler/ Polizei und Feuerwehr sehen Vertrauensverlust https://t.co/s7iCsNRKkm #ots pic.twitter.com/17QwuRVLu7— Tingeltangel-Král (@IsMirDochLatte) October 30, 2022
Иако нивниот тим игра очајно и извесно е дека ќе се бори за опстанок оваа сезона, навивачите не ги напуштаат. Во просек, неверојатни 62.194 гледачи го гледаат Шалке на нивен терен и тие се меѓу десетте најгледани тимови во Европа оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА