Фантастичен потег на херојот на ПСЖ по триумфот над Аталанта… (ФОТО)

Камерунецот Ерик Чупо-Мотинг беше херојот на ПСЖ во пресврт-победата против Аталанта за пласман во полуфиналето од ЛШ. Во 93. минута на асистенција на Мбапе го постигна голот за триумф.

По натпреварот му беше предадена и наградата за играч на натпреварот, но се одлучи да не ја прифати предавајќи му ја на соиграчот Нејмар.

Нејмар одигра феноменален натпревар без оглед на тоа што не постигна гол и што пропушти да реализира неколку убави можности. Но, во секој случај, потегот на Чупо-Мотив е неверојатно позитивен…

 

Се вчитува...