Фантастичниот Џо Харис го победи Стеф Кари во натпреварот за шутирање тројки… (ВИДЕО)

Џо Харис од Бруклин е победник на натпреварот во шутирање тројки на НБА Ол-стар викендот.

Во финалето Харис ги победи Стеф Кари и Бади Хилд со 26 поени, потврдувајќи дека во моментов е најдобриот шутер во НБА лигата.

Првата рунда беше отворена со одличните шутеви на Харис кој имаше 25 поени, па долго беше водечки. Сепак, Бади Хилд и Стеф Кари успеаја да го надминат па сите тројца се најдоа во финалето.

А, во финалето Харис заврши со 26 поени, Стеф Кари имаше 24 поени додека Бади Хилд со само 19 поени…

Се вчитува...