Триумфот на Портланд над Хјустон го привлече најголемото внимание од синоќешните натпревари во НБА лигата. На крајот славеше Портланд со 125-112 благодарение на фантастичниот Демиан Лилард.
Лилард мечот го заврши со „трипл-дабл“ ефект од 36 поени, 11 асистенции и 10 скока, а добра поддршка имаше и од МекКалум кој запиша 22 поени. На спротивната страна Расел Вестбрук постигна 39 поени, дополнети и со 10 скока, но не можеше сам против расположениот Портланд.
Бруклин славеше против Детроит со 125-115. Домашниот тим го предводеше Динвајди со 28 поени, додека во поразениот состав Реџи Џексон постигна 23 поени, а Дерик Роуз мечот го заврши со 22 поени.
Во интересен меч, Индијана го победи дури по продолжение Чикаго со 115-106, додека Мемфис на гостински терен славеше против Њујорк со 106-127. Сан Антонио беше подобар од Јута победувајќи со 127-120, а Оклахома на гости славеше против Сакраменто со 100-120.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА