Во натпреварот помеѓу седмопласираните и осмопласираните екипи од регуларната сезона на Евролигата, Панатинаикос успеа да го победи Монако со 87-79 на домашен терен и со тоа да се пласира во плејофот каде што ќе игра против Валенсија за место во Фајнал Фор.
Панатинаикос денес славеше по одлично прво полувреме, до крајот успеа да ги издржи сите напади од вечерва одличниот Џејмс, и заслужено се пласираше во четвртфиналето.
Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс еше одличен со 21 поен, Фарид додаде 13, а Рогавопулос 11. Кај Монако, Мајк Џејмс постигна 25 поени.
Од друга страна, пак, Монако ќе има уште една шанса, и ќе игра со победникот од дуелот Барселона – Црвена Звезда за пласман во плеј-офот.
Check out his highlights here pic.twitter.com/mF0ETbTuhb
— EuroLeague (@EuroLeague) April 21, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

