Фатјон Јусуфи второ засилување за Струга ТЛ

Фатјон Јусуфи  е нов фудбалер на Струга Трим и Лум. Фатјон Јусуфи е втората аквизиција на стружани во летниот преоден рок, по Бесарт Ибрахим.  Јусуфи со екипата на Струга Трим Лум потпиша две годишен договор, а во Струга доаѓа од редовите на Ренова.

„Решив да играм за Струга Трим Лум, бидејќи мислам дека е многу сериозна и добро организирана екипа. Тие имаат свои цели и растат како тим секој ден. Се надевам дека ќе го дадам максимумот за овие бои да ги развеселат сите стружани“, изјави Фатјон Јусуфи за официјалната веб-страница на клубот.

Јусуфи во домашниот фудбал, покрај за Ренова беше дел и од ФК Скопје.

Се вчитува...