Фаворитките убедливи на стартот на женската ракометна Суперлига

Фаворитките почнаа без проблеми во новата сезона во женската ракометна Суперлига на Македонија. ЖРК Металург го декласираше Пелистер во Битола со убедливи 24-42. Марија Тасевска и Ивана Арсениевска со седум гола беа први виолини во Металург.

ЖРК Куманово исто така дојде до убедлив триумф откако го победи Спартак со 18-34. Тимската игра е главно оружје на кумановки. Дури три ракометарки мечот го заврши со по пет гола (Пецанова, Кирпијановска и Џакмиќ) додека по четири постигнаа Ивановска и Чокели.

ЖРК Чаир во последниот меч од ова коло дома беше убедлив со Кузман Вардар. Чаирчанки на крајот дојдоа до триумф од 39-19. Како и кај Куманово голем дел од ракометарките на Чаир се запишаа во листата на стрелците, oд кои по четири гола постигнаа Мартиновска, Николовска и Динарица.

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО СУПЕРЛИГА ЖЕНИ: 

ЖРК Пелистер – ЖРК Металург 24-42

Стружанка – Вардар СЦБТ 20-30

Спартак – ЖРК Куманово 18-34

Гевгелија – Деспина 26-29

Овче Поле – Шампион 23-27

ЖРК Чаир – Кузман Вардар 39-19

Се вчитува...