Фазлагиќ со Жилина во плеј-оф рундата од Конференциската лига, елиминација на Ристевски и Здравковски

Енис Фазлагиќ со Жилина ќе игра во плеј-оф рундата за место во групната фаза во УЕФА Конференциската лига, откако во третото квалификациско коло славеа со убедливи 5-0 против казахстански Тобол.

Со вкупен резултат од 6-0, Фазлагиќ и Жилина обезбедија пласман во следната рунда. Македонскиот фудбалер одигра 70 минути на денешниот дуел, кога веќе се беше одлучено околу патникот во плеј-оф колото.

Кире Ристевски и Давор Здравковски, пак, доживеаја елиминација со кипарски АЕЛ Лимасол откако загубија со 1-0 на гостувањето од азербејџански Карабах.

Елиминација доживеа и Приштина на чија клупа е поранешниот тренер на Шкупи, Зекирија Рамадан.

Се вчитува...