Фазли официјално промовиран во Македонија ЃП (ФОТО)

Македонскиот напаѓач Самир Фазли и официјално промовиран во дресот на Македонија ЃП пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

30-годишниот голгетер не успеа да се договори за продолжување на соработката со казахстанскиот Туран, па реши повторно да се врати меѓу „лавовите“ каде играше до август минатата година пред да се пресели во Казахстан.

Се вчитува...