Фазли раскина со Туран и се враќа во Македонија ЃП

Македонскиот интернационалец Самир Фазли не е повеќе член на казахстански Туран, откако се реши да го напушти овој тим.

30-годишниот голгетер не успеа да се договори со клубот за нов договор, па така тој си замина од подготовките на тимот кој се наоѓа во Турција. Негов следен клуб најверојатно ќе биде Македонија ЃП во кој се враќа по трет пат. Тој играше во овој тим до август, кога се реши да замине во Казахстан.

Фазли во минатото покрај Македонија ЃП, беше дел и од Шкендија, Рудеш, Вил, Херенвен, Хелмонд Спорт. Во Туран замина во август 2021 година.

Се вчитува...