Федерациите да изберат: Или ќе бидат Северна или ќе бидат Национална

Спортските федерации во државава треба да изберат нови имиња. Според барањето испратено од Агенцијата за млади и спорт, сите спортски институции кои имаат решенија за дејност спорт треба да изберат еднa од двете можни опции, да се викаат Федерација на Република Северна Македонија или Национална федерација.

На пример: Фудбалска федерација на Република Северна Македонија или Национална фудбалска федерација.

Во дописот што го испраќа АМС се вели дека федерациите треба да го променат името согласно промените кои се направени во Уставот на државава,  а се во согласност со конечната спогодба меѓу Македонија и Грција. Промените како што стои во дописот треба да бидат направени во најкус можен рок.

 

Се вчитува...