Федерацијата на БиХ ги објави цените на билетите за тестот со Македонија: Нема да биде полн стадион поради нарушена статика на „Кошево“!

Фудбалската федерација на БиХ ги соопшти цените на билетите за пријателскиот натпревар со Македонија, кој ќе се игра на 29 мај во 18 часот на стадионот „Кошево“ во Сараево.

Цените на билетите за овој натпревар ќе се движат од 15 до 25 евра, во зависност од одбраната трибина, и се утврдени на следниов начин:

  • Западна трибина (блокови А1, А2, А7 и А8) – 20 евра
  • Западна трибина (блокови А3, А4, А5 и А6) – 25 евра
  • Источна трибина – 20 евра
  • Северна и Јужна трибини – 15 евра

Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 23 април 2026 година, а ќе можат да купуваат сите навивачи кои се регистрирале на платформата https://bhff.fans/bs/.

Фудбалскиот сојуз на БиХ ќе ги достави е-адресите на корисниците до официјалниот дистрибутер на билети event.ba, кој ќе контактира со секој од регистрираните корисници и ќе им даде можност да го изразат своето мислење во врска со купувањето билети во рок од 24 часа.

Однапред, ќе биде можно да се купат максимум два билети по нарачка. Доколку билетите не се распродадат однапред, 25.04.2026 година од 12 часот, редовната продажба на билети започнува преку веб-платформата www.event.ba.

Инаку, според информациите од медиумите од БиХ, нема да може да се продадат 30.000 билети, колку што е капацитетот на стадионот, поради безбедносни причини, и ненарушување на статиката на стадионот. Поради тоа ќе биде разретчен капацитетот на стадионот, со продажба на околу 20.000 билети.

Се вчитува...