„Федерер е далеку пред сите“

Освојувачот на бронзениот медал во дабл конкуренција на Олимписки игри, Стив Џоунс стави крај на тениската кариера на мастерсот во Соединетите американски држави – Индијан Велс.

Американецот по повлекувањето говореше на повеќе теми, а една од нив е кој е најтешкиот противник против кој се соочил. За Џоунс тоа без дилеми е Роџер Федерер.

„Роџер Федерер. Нема дилема. Беше многу подобар од другите. Можеби ова го велам бидејќи со Надал и Ѓоковиќ играв само еднаш“, изјави Џоунс кој со Федерер одигра три мечеви и забележа три порази.

„Се сеќавам еднаш на Индијан Велс одиграв со него два тај-брејка и едвај ме победи. Три години подоцна игравме повторно еден против друг во Австралија и ме „почисти“ во три сета. Немав решение. Беше потполно супериорен и тениски и тактички“.

Се вчитува...