Федерер е минато: Новиот рекорд од денеска во сопственост на Новак Ѓоковиќ

Најдобриот тенисер и натаму собира рекорди, а новиот во таа колекција е тој што Новак Ѓоковиќ стана најстариот тенисер на врвот на АТП листата. Со 36 години и 321 ден, Новак го престигна досегашниот лидер во оваа категорија, Роџер Федерер.

Ѓоковиќ од 98 титули во кариерата, дури 31 дојдоа после 30 години. Импресивно делува податокот дека од рекордните 24 грен-слем трофеи, дури пола, односно 12 потекнуваат после триесетата година. Исто така од 40 титули во мастерси, Новак десет ги освои во четвратата деценија.

Ѓоковиќ дури со 24 години првпат се искачи на чело на АТП листата во 2011 година, и врвот го држи најмногу од сите. Утре ќе ја започне својата 420 недела како најдобар.

Се вчитува...