Федерер експресно до третото коло на Австралија опен

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, експресно обезбеди пласман во третото коло на Австралија опен, откако го преслуша српскиот тенисер Филип Краиновиќ со 3-0 по сетови (6-1, 6-4 и 6-1).

Популарниот Федекс уште од самиот старт го контролираше мечот, а единствено Србинот пружи отпор во вториот сет кога успеа да освои четири гема. Во третото коло Швајцарецот ќе игра против домашната надеж, Џон Милман кој денеска изненадувачки со максимални 3-0 (6-4, 7-5 и 6-3), беше подобар од Полјакот, Убер Хуркач.

Во третото коло пласман во машка конкуренција обезбедија и Роберто Баутиста-Агут, Милош Раониќ, а изненадувачки настапот го заврши бугарскиот тенисер, Григор Димитров кој во маратонски меч загуби од младиот Американец, Томи Пол.

Се вчитува...