Федерер го реши и Киргиос, следи „Ел Класико“ со Надал

Роџер Федерер продолжува со извонредните настапи во оваа 2017 година, откако со триумфот над Ник Киргиос во полуфиналето од Мастерс-турнирот во Мајами швајцарскиот ас стигна до својата 18-та победа годинава, наспроти само еден единствен пораз. Пресметката меѓу Федерер и Киргиос целосно ги оправда очекувањата, па битката што траеше повеќе од три часа беше решена со три тајбрејка, во оној решавачкиот поуспешен беше Федерер со 7-5 за ново финале за швајцарскиот ас.

Со тоа, Федерер со иста мера му се реваншираше на австралискиот тенисер за поразот на единствениот досегашен меѓусебен дуел, на Мастерс-турнирот во Мадрид во кој исто така се играа три тајбрејка, за во решавачкиот Киргиос да слави со 14-12.

Прекрасно е чувството да се победи на ваков начин, особено бидејќи се уште се сеќавам на начинот на кој загуби од него на претходниот дуел. Очигледно е дека Киргиос е одличен тенисер, еден од најдобрите сервери во нашиот спорт. Извонредно е фокусиран кога сервира, но треба да мине време за да може да го задржи истиот тој фокус и при секој поен“ – изјави Федерер.

Следен предизвик за Швајцарецот ќе биде финалето со неговиот голем ривал Рафаел Надал, кого Федерер го совлада во големото финале на Австралија опен годинава.

Се вчитува...