Федерер: Грен-слем рекорд? Никогаш не ми бил важен

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер вели дека нема да го потресе доколку некој од ривалите успее да освои повеќе Грен-слем титули од него. Легендарниот Швајцарец во моментов е рекорден со 20 освоени Грен-слема и се наоѓа пред Надал со 19 и Ѓоковиќ со 16.

„Некогаш ми беше важно да го изедначам рекордот на Пит Сампрас (14) и потоа да го престигнам. Од тогаш важно ми е само да освојувам уште една титула повеќе ништо повеќе. Уживам да играм тенис. Го обожавам. Се надевам дека можам уште долго да играм“, изјави Федерер. 

39-годишникот го освојуваше трофејот во Мелбурн два пати во претходните три години, а и годинава важи за еден од фаворитите за освојување на трофејот.

Се вчитува...