„Федерер и Надал не се претставници на тенисот“

Канадскиот тенисер Васек Поспишил дека Рафаел Надал и Роџер Федерер не се толку важни колку што некој смета. Тој неодамна со Новак Ѓоковиќ формираше ново здружение на тенисери кое што е независно од АТП. На здружението не му се придружија Роџер и Рафа кои дури упатија и критики кон него.

„Мислам дека луѓето не сфаќаат тоа што се обидуваме ние да го направиме. Јас би сакал да зборувам со Рафа и Роџер, но мора тоа и тие да го сакаат. Надал е одличен дечко кој говори секогаш тоа што го мисли, така да оптимистичен сум околу тоа дека и тој ќе ни се приклучи. Да, тие двајца се важни, но не се толку колку што мислат некои луѓе“, изјави Поспишил.

 

Се вчитува...