Федерер ќе стане првиот милијардер во тенисот

Богатството на Роџер Федерер полека доаѓа до неверојатни 900 милиони долари, а во најава има и 200 милиони долари од спонзорски договори што го прави првиот потенцијален кандидат од светот на тенисот кој би влегол во ексклузивниот круг на спортски милијардери. Федерер има 129 милиони долари награди за тениските резултати.

Се останато му е од спонзорски договори. Огромна сума пари генерираат договорите со јапонската компанија за спортска опрема, „Uniqlo“, како и оние со „Credit Suisse“, „Mercedes Benz“ и со „Rolex“.

Кога заработената сума ќе му надмине една милијарда долари, Федерер ќе биде првиот тенисер кој ја надминал оваа граница, а ќе биде само четвртиот спортист милијардер покрај Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Флојд Мејведер.

 

 

Се вчитува...