Федерер, Надал, Вилијамс – сите на егзибициски меч за помош на Австралија

Роџер Федерер, Рафаел Надал и Серена Вилијамс ќе учествуваат на егзибициски меч за собирање пари за жртвите и штетите од катастрофалните пожари во Австрлија. Мечот е закажан за 15.јануари, пет дена пред стартот на Австралија Опен и ќе се одржи на „Род Лејвер Арена“ во Мелбурн. Ник Кирјос, Стефанос Циципас, Наоми Осака и Каролине Возњаки исто така најавија учество.

25 луѓе ги загубија животите во пожарите, околу 2.000 домови се уништени, најголеми жртви се животните, убиени се повеќе од половина милион. Уништени се една третина од австралиските коали. Краткиот дожд пред три дена малку ја олабави критичната сиутација, но пожарникарите повторно се подготвуваат за голем удар со оглед дека прогнозите се лоши за в петок.

Покрај ова, тенисерите кои речиси сите периодов се во Австралија како дел од турнирите кои се одржуваат таму најавија дека ќе донираат средства за помош за санација на штетите. Кирјoс ќе донира по 200 долари за секој сервиран ас на сите турнири зимава, донации најавија и Шарапова, Ѓоковиќ, Барти.

Во меѓувреме група австралиски кошaркари кои се дел од НБА лигата, Бен Симонс, Арон Бејнс, Џон Болден, Рајан Брокхоф, Метју Делаведова, Данте Ескум, Џон Инглс, Тон Маркер и Пети Милс собраа 400.000 евра за фондот за помош.

 

 

 

Се вчитува...