Федерер се уште има „магија“ во својата десна рака (ВИДЕО)

Роџер Федерер рутински се пласираше во третото коло на Австралија опен. Федерер лесно за само час и пол, го совлада Србинот Филип Краиновиќ дозволувајќи му само шест освоени гема.

Швајцарецот на мечот имаше неколку потези, со кои го оправда епитетот најдобар тенисер на сите времиња. Во средината на вториот сет по одиграниот волеј, Краиновиќ мислеше дека го освои поенот, но тогаш популарниот Федекс возврати со феноменален форхенд во полн трк.

 

Се вчитува...