Федерер со солзи примен во тениската „куќа на славните“

Роџер Федерере од синоќа се наоѓа онаму каде што припаѓа, откако швајцарската легенда беше примена како најнов член на тениската „куќа на славните“.

Неговата сопруга Мирка ја имаше честа да го најави Роџер како најнов член на ова престижно друштво, а тој не можеше да ги сокрие солзите при емотивната најава.

„Феноменално е да се најдете на едно вакво место, да се проштате низ историјата на тенисот, да читате приказни за своите херои. За првпат вистински да сфатите дека навистина имам свое место овде“, изјави 45-годишниот Швајцарец кој освои 20 трофеи на гранслем трофеите.

Потоа, Федерер се потсети и на своите тениски почетоци…

„Имав 13 години кога собирав топчиња на турнирот во Базел, тоа е искуство што никогаш нема да го заборавам. Толку сум стар што на почетокот играв со дрвен рекет и со бели топчиња“, се пошегува Федерер, па продолжи: Ми беше толку тешко, што и форхендот и бекхендот ги играв со две раце. Кој би рекол дека на крајот ќе користам дури и бекхенд со една рака“.

Се вчитува...