Феенорд оштетен: Нема гол-технологија, непризнаен чист гол

Феенорд повторно е во фокусот на вниманието на холандската фудбалска јавност поради контроверзен погодок, откако минатиот викенд славеше во дерби дуелот со ПСВ Ајндховен со гол признаен благодарение на гол-техноологијата.

Фудбалерите на Феенорд попладнево загубија на градското дерби со Спарта со 1-0, но сигурно ќе имаат критики за судиската тројка поради непризнаениот погодок во второто полувреме. На овој стадион во Ротердам нема гол-технологија за да забележи кога топката ја мина гол-линијата по несмасната голманска интервенција.

Дефанзивецот на Спарта реагираше предоцна, но помошниот судија не го забележа тоа, играта продолжи, а Феенорд ниту до самиот крај и покрај бројните шанси не успеа да стигне до израмнување.

Се вчитува...