Феенорд сака „трета среќа“, по потпис на Бојан Миовски

Холандскиот фудбалски гигант Феенорд покажува интерес да го доведе Бојан Миовски во своите редови пред самиот крај на летниот преоден рок. Овој клуб се интересираше за Миовски во претходните две лета, и кога Македонецот заминуваше од Абердин, и во 2025 кога тој беше на излезна врата од Џирона, па во гигантот од Ротердам се надеваат дека овој трет обид ќе биде и среќен за нив

Македонецот не ја доби шансата што ја заслужува по ланскиот трансфер во Глазгов Ренџерс, упорно е игнориран од новиот тренер Мекинес, јасна порака дека за Миовски најдобро ќе биде да ги спакува куферите и среќата да си ја побара на друго место.

Турскиот прволигаш Генчлербирлиги веќе испрати понуда, но јасно е дека Феенорд е далеку поатрактивна дестинација. Поранешниот холандски шампион го продаде Маеда во Лил за 15 милиони евра и сака да доведе нов напаѓач до крајот на преодниот, со Миовски како една од омилените опции пред самиот крај на преодниот рок.

Џовани ван Бронкхорст ги има Шекил ван Перси и Начо Пери како напаѓачи во тимот по заминувањето на Маеда, а стратегот на Феенорд инсистира на уште еден голгетер за засилување на конкуренцијата во овој дел од тимот.

Дали тоа ќе биде Бојан Миовски, останува да видиме…

Се вчитува...