Фелаини побрз од „сирената“: Јунајтед го доби дербито со Арсенал

Манчестер јунајтед го совлада Арсенал со 2-1 на „Олд трафорд“ и се зацврсти на втората позиција на табелата во Премиер – лигата со 77 освоени бода. Мартуан Фелаини со одличен удар со глава постигна победнички погодок во судиското продолжение од натпреварот, крунисувајќи ја подобрата игра на „црвените ѓаволи“ на овој меч.

Погба го доведе Јунајтед во водство во првиот дел, а Хенрик Мхитарјан погоди против својот поранешен тим на самиот старт од второто полувреме.

Се вчитува...