Фелер жестоко ја нападна Аргентина: Тоа нема никаква врска со фудбалот

Спортскиот директор на германската репрезентација, Руди Фелер, остро го критикуваше стилот на игра на Аргентина, оценувајќи дека „гаучосите“ не треба да бидат пример за останатите национални селекции.

Иако Аргентина стигна до финалето на Светското првенство 2026, каде по продолженија загуби од Шпанија со 1-0, Фелер смета дека нивниот начин на игра не заслужува толку пофалби.

„Германија треба да игра подобро во дефанзива. Многумина ја посочуваат Аргентина како пример, но мислам дека тоа е погрешен пример. Одеднаш Аргентинците станаа репер и тоа е малку лицемерна дискусија“, изјави Фелер.

Тој беше уште подиректен во продолжение.

„Не ми треба тим што игра како Аргентина. Тоа нема никаква врска со фудбалот“, порача спортскиот директор на германската репрезентација.

Фелер призна дека Аргентина како актуелен светски шампион стигна и до финалето на последниот Мундијал, но нагласи дека не разбира зошто толку многу луѓе го величаат тимот и неговиот стил на игра.

Германија, пак, го заврши настапот на Светското првенство уште во осминафиналето, каде беше елиминирана од Парагвај по изведувањето пенали.

Се вчитува...