Феликс бара трансфер од Атлетико уште во јануари!?

Репрезентативецот на Португалија, Жоао Феликс се наоѓа пред излезна врата од тимот на Атлетико откако се разочарал по слабата минутажа што му ја доверува Диего Симеоне. Феликс не гледа иднина во тимот под менторство на Симеоне, па веќе разгледува опции за трансфер во други клубови.

Шпанските медиуми велат дека Португалецот во јануари ќе побара трансфер од „Ванда Метрополитано“ и приоритет ќе му биде тим каде што ќе има стандардна минутажа. Сезонава има 11 натпревари во сите конкуренции, но само еднаш ги одигра сите 90 минути. Засега нема постигнато гол и има три асистенции во Ла Лига.

Феликс потпиша за Атлетико во летото 2019 година од Бенфика за рекорден клупски трансфер од 127 милиони евра. Неговиот актуелен договор со тимот од Мадрид истекува во јуни 2026 година.

Се вчитува...