Фелипе: Ќе ги нема навивачите против Шкупи, но ќе им подариме победа

Актуелниот шампион Вардар пролетниот дел од првенството го започнува на празен стадион, поради суспензијата што ја одлежува за казната од ФФМ, а на гости доаѓа Шкупи, тимот кој „црвено-црните“ два пати не успеаја да го совладаат во есенската полусезона. Тоа ќе биде дополнителен мотив за Бразилецот Фелипе и за соограчите да одиграат на највисоко ниво и да ги освојат трите бода. Фелипе во името на целиот тим ветува дека на навивачите ќе им подарат триумф.

„Ќе ни недостасува публиката, секако ќе ни биде тешко без нашите навивачи. Но, ние ќе се трудиме да им подариме победа од овој натпревар. Ќе биде тежок дуел, со противник кој знае да одигра добри натпревари против нас. Но, ние сме добро подготвени и ќе се бориме да ги освоиме трите бода. Трениравме напорно во Турција, одигравме голем број квалитетни пријателски натпревари, а сега треба тоа да го преточиме во добри игри и резултати во македонскиот шампионат и во Купот“, вели бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе.

ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО – 14 Ч.

ВАРДАР – ШКУПИ (Телеком Арена – Скопје)

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (Стадион „Младост“ – Струмица) 

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (Градски стадион Тетово)

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ (Стадион во Ѓорче Петров)

БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (Градски стадион во Штип)

Се вчитува...