Стартот на новата сезона во турското првенство е крајно непредвидлив, Галатасарај и Трабзон ремизираа во првото коло, додека Фенербахче на самиот почеток ги разочара своите фанови губејќи со 2-1 на гостувањето против Генчлербирлиги.
Кога Талиска поведе во раната фаза од мечот се чинеше дека фаворитот рутински ќе ја одработи задачата, но како што одминуваше времето така Фенербахче го намалуваше темпото. Казната стигна со два гола, еден во финишот од првото, вториот на стартот од второто полувреме за големо разочарување на „сино-жолтите“.
Тренерот веќе немаше простор за тактизирање, ги уфрли Гринвуд, Канте, Муричи и Актуркоглу, но создадените шанси не беа претворени ниту во израмнувачки погодок, камоли во целосен пресврт.
Нема дилема, Фенербахче и оваа сезона се мачи да ја оправда фаворитската улога, без оглед што и летово потроши многу пари на нови звучни засилувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
