Милан е подготвен да го продаде Рафаел Леао, но италијанскиот гигант се соочува со огромни проблеми бидејќи сумата што би ја добил за португалскиот офанзивец е далеку од очекувањата.
„Росонерите“ на почетокот од летово најавија дека нема да го продадат Леао за помалку од 60 милиони евра, но нецели два месеци подоцна таа сума падна на 50 милиони евра. Проблем е што ниту еден од клубовите не е подготвен да плати ниту толку за Леао, а дополнителен удар беше доживеан на преговорите со Фенербахче, еден од ретките тимови кои се интересираат за целосен откуп, а не за позајмица на овој фудбалер.
Во Милан се надеваа дека со клаузули сумата можеше да ја надмине границата од 50 милиони еевра, но турскиот тим испратил јасна порака – понудата изнесува 40 милиони евра и е „земи или остави“. Челниците на Фенер се децидни – Милан има 48 часа да одговори, по што „сино-жолтите“ би се насочиле кон други цели на пазарот ако овој трансфер не се реализира.
Јасно е дека во Милан не се воодушевени, но ситуацијата е далеку од посакуваната, па италијанскиот тим би можел да ја прифати и оваа опција, се со цел да ослободи место во буџетот за плати, но и да добие сума со која новиот тренер Аморим би можел да доведе засилувања по свој вкус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
