Фенер ја прекина црната серија, Олимпијакос сигурен на „кота 1“

Неверојатната црна серија од пет порази на Фенербахче беше прекината вечерва откако турскиот гигант конечно се врати на победнички патеки со триумфот на гостувањето против Асвел со 76-81.

Избраниците на Јасикевичиус цел меч имаа контрола над резултатот, во последната четвртина и со позитива од над 20 поени, но опуштањето во финишот му овозможи на противникот да се прибллижи, но не и да да стигне до целосен пресврт. Хортон Такер беше прв стрелец на Фенер со 21 поен, додека со 17 поени мечот го заврши Биберовиќ.

Олимпијакос го заврши регуларниот дел од сезоната на првото место откако грчкиот гигант славеше со 85-76 на последниот дуел пред плејофот. „Црвено-белите“ во второто полувреме имаа и над 20 поени предност, гостите од Италија се приближија, но немаа шанса да ги замрсат сметките на големиот фаворит.

Везенков беше најефикасен со 20 поени, додека импресивен во рекетот беше Никола Милутинов со 13 поени и 15 скокови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...