Фенер реши: Елиф Елмас оди на позајмица!

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас минатата година направи мегатрансфер од Работнички во Фенербахче, но дебитантската сезона во турскиот фудбалски гигант не мина онака како што посакуваше нашиот репрезентативец.

Тој премногу ретко добиваше шанса во стартниот тим, тренерот Ајкут Кочаман не покажа преголема доверба во младиот Македонец, па Елмас сериозно размислува за заминување. Како што јавуваат турските медиуми, слични се и размислувањата на клупската управа, која решила да го испрати македонскиот интернационалец на едногодишна позајмица. Според овие информации, Кочаман веќе доставил список од седум фудбалери на кои нема сериозно да смета во новата сезона, а на нив се нашло и името на Елмас, кој за разлика од останатите шест ќе замине на позајмица, наместо да биде продаден.

Целта е тој да го стекне неопходното искуство пред да се врати во Фенербахче, а потоа да се обиде да се избори за првотимски статус кај „сино-жолтите“. Интерес веќе покажуваат неколку турски клубови, но не се исклучува можноста Елиф Елмас да замине на една година и во клуб надвор од оваа земја.

Покрај Елмас, најавено е заминување од Фенербахче за летово на Озан Туфан, Исла, Валбуена, Камени, Нето и Јансен.

Се вчитува...