Фенербахче без Богдановиќ против Макаби

Фенербахче ќе биде без помошта на Богдан Богдановиќ на утрешниот дуел од Евролигата против тимот на Макаби. Српскиот репрезентативец заработи незгодна повреда на скочниот зглоб на последниот меч со Брозе баскет, па иако прегледите покажаа дека проблемот не е премногу сериозен лекарите сепак му препорачаа на Богдановиќ пауза од најмалку една седмица од кошаркарските терени.

Покрај утрешниот натпревар, Богдановиќ нема да настапи за турскиот гигант ниту на следната евролигашка средба, градското дерби против Анадолу Ефес. Проблемите на тренерот Обрадовиќ се уште посериозни ако се знае дека во тимот на Фенер ќе го нема ниту Костас Слукас, кој исто така е повреден, па притисокот околу организацијата на нападите целосно ќе падне врз Боби Диксон.

Фенербахче моментно е четвртопласиран на табелата во Евролигата со скор од седумнаесет победи и девет порази, две победи повеќе во однос на петтопласираната Басконија.

Се вчитува...